Economist - еден од најрелевантните и најпочитуваните светски медиуми кој се фокусира на геополитика, економија, наука и технологија објави анализа која е побитна за иднината на граѓаните и од темите за војната во Украина и Иран или заканата од вештачката интелигенција за културата, сегашниот систем на вредности и работните места.
Економијата и социјалното живеење на Европа е во оспаност за која не се гледа решение, а опасноста од тој вид ја имаме и ние - во Македонија.
Во 1960 година, во Западна Европа, повеќе од пет вработени лица финансирале еден пензионер. Денес, има само два и пол работници по пензионер. Резултатот е дека денешните млади луѓе знаат дека ќе мора барем делумно да се грижат за своето пензионирање, како што прават Американците, покрај тоа што веќе издвојуваат пари за пензиите на своите родители.
Единствената друга лесно достапна можност за подобрување на односот помеѓу работниците и пензионерите е масовната имиграција на мигранти. Но, обидите за тоа дополнително ја отруја европската политика, зајакнувајќи ги радикалните партии на популистичката десница.
Европа, континент што не е за младите

Никој не може да ги обвини Бумерите (родени до 1960-та година) што живеат подолго. Но, постарото општество е обично општество кое се фокусира на сегашноста, а не на иднината.
Просечната возраст на гласачите на последните претседателски избори во Франција беше 52 години, меѓу другото, бидејќи постарите граѓани одат на гласање многу почесто од помладите. Тоа е за десет години помалку од вистинската возраст за пензионирање. Затоа не е изненадувачки што политичарите ги прифатија приоритетите на постарите гласачи како свои.
Кога буџетите се под притисок, секогаш се наоѓаат пари за заштита на пензиите и домовите за стари лица. Многу е полесно да се спроведат намалувања во образованието или инвестиции во иновации отколку да се чепка во пензиите кои се најжешка политичка и социјална област, и пари кои претходно пензионерите веќе ги платиле и ги дале на државата “на чување“.
Оние кои се помлади, и денес се соочуваат со поголеми давачки за пенизиски придонеси и потежок пат до свој стан, се лутат на постарите кои веќе имаат свои станови стекнати во богатите шеесетти седумдесетти години и безбедни приходи од пензија. Не гледаат причина во намалениот наталитет и просекот на Европа кој се ближи до само едно дете во семјство што е базична прична за немање млада популација која би имала повеќе вработени и би била на нивото од пред пет децении од 4-5 вработени на еден пензионер.

Не, младите сега вината ја гледаат кај пензионерите кои трошат свои пари плаќани за пензии но, младата геренрација смета дека тие работат за пензионерите, а немаат пари за себе.
Ова е нова тензија, и тоа незгона и нерешлива, која се јавува во европските општества.
„За иднината на демократијата сè повеќе ја одлучуваат гласачите кои самите повеќе немаат иднина“, се жали економистот Максим Сбаихи од францускиот демографски тинк-тенк Клуб Ландој. Можеше да се очекува дека работите ќе се променат по пандемијата на ковид-19, кога младите луѓе со години трпеа социјални ограничувања првенствено за да ги заштитат постарите генерации. За жал, услугата сè уште не е возвратена (иако Европската комисија денес има комесар задолжен за „меѓугенерациска правда“).
Францускиот филозоф Рејмон Арон еднаш рече дека старото општество е општество управувано од чувство на резигнација. Тоа чувство на замор изгледа многу реално кај Европејците денес додека поминуваат покрај уште една во низа градинки претворени во домови за стари и немоќни лица.

Децата ги нема, но деца не прават пензионерите туку младата генерација која се откажува од семејствата за да го сочува својот комодитет. Тој комодитет пред пет-шест децении не бил причина за откажување од семејните вредности и амбиент во кој денешните од Генрација Зет (Зумери, родени до средината на 1990-та од коа почнува наглиот пад на наталитет во Европа) генерации и нивните следбениците кои се родени и создадни од денешните пензионери.
Европа влегува во спирала на тензии: од расни, верски и етнички, до политички и економски и сега е на ред тензијата меѓу генерациите. Које во право, кој е виноваен...? Кој и да е, со спиралата на тензии Европа влегува во совршена олуја на меѓусебна нетрпеливост по многу основи и на олујата и спиралата не и се гледа крајот.

А еднополните бракови, промена на пол по што се губи моќта за репродукција, владеењето на социјалните мрежи врз однесувањњето и ставовите на луѓето, уривањето на традиционалните и семејните вредности, добровно прифаќање ропство од маркетинг владетелите кои поседувањето и купувањето го издигнаа на врвот на системот на вердности... не се анализираат како причина за исчезнување на нови, млади генерации од европските општества.
Не, затоа што со Европа (и не само таму) владеат корпорациите и фондациите, а се друго е ставено во нивна функција - додека има клиенти и купувачи. Очигеледно, клиенти и купувачи иам се помалку. Заради пензиоенрите, тие се виновни што веќе не прават деца и не создаваат нови млади генерации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата