Додека многу компании сè уште планираат како да ја искористат вештачката интелигенција, најуспешните веќе инвестираат во уреди создадени за AI ерата. Следната конкурентска предност нема да ја донесе само AI софтверот. Ќе ја донесат компаниите кои навреме ќе им обезбедат на своите тимови AI-подготвени уреди.
Токму тука се позиционира Lenovo Yoga 7 2-in-1 Gen 11 серијата – премиум линија на Copilot+ уреди дизајнирани за модерниот начин на работа, каде мобилноста, флексибилноста и AI перформансите стануваат дел од секојдневната продуктивност.
Благодарение на препознатливиот 360° конвертибилен дизајн, Yoga 7 лесно се прилагодува на секој работен стил – како класичен лаптоп, таблет, уред за презентации или интерактивна работна површина. Во комбинација со AMD Ryzen AI процесорите и Neural Processing Unit (NPU) со до 50 TOPS, серијата е подготвена за новата генерација интелигентни деловни алатки и Copilot+ искуства.
Но, Yoga 7 не е интересна само на хартија

Она што навистина ја издвојува серијата е комбинацијата од AMD Ryzen AI 400 платформата, интегрираниот AI процесор и врвниот 14" PureSight Pro OLED дисплеј со до 2.8K резолуција, 120Hz освежување и Dolby Vision. Резултатот е уред кој изгледа премиум, работи беспрекорно и е подготвен за модерните AI работни процеси.
И не станува збор само за спецификации. Според Notebookcheck.net, Yoga 7 2-in-1 се издвојува по висококвалитетната метална изработка, одличната мобилност, разновидноста на употреба и импресивната автономија на батеријата која надминува 14 часа при типична работа.
За корпоративните средини ова значи:
- AI-подготвена платформа за идните работни процеси;
- Лесен и елегантен уред погоден за хибридна работа и патувања;
- OLED дисплеј со одличен приказ за презентации, анализа и креативна работа;
- Wi‑Fi 7, модерна конективност и напредни безбедносни функции за секојдневна деловна употреба.

Lenovo Yoga 7 2-in-1 не е само уште еден лаптоп. Тоа е уред создаден за компаниите кои сакаат нивните тимови да бидат попродуктивни денес и подготвени за AI работното место на утрешнината.
OLED екранот кој работи на touch и поддршката за Lenovo Yoga Pen овозможуваат природно и интуитивно искуство, без разлика дали креирате содржина, водите состанок или анализирате податоци.
За компаниите ова значи едноставна одлука: инвестирање во уред кој е подготвен за денешните, но и за утрешните AI работни процеси.

Lenovo Yoga 7 2-in-1 Gen 11 наскоро се очекува во понудата на KupiLenovo.mk. Доколку барате комбинација од мобилност, елегантен дизајн и AI перформанси во еден уред, ова е серија која вреди да биде на врвот на листата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата