Пролетта и летото за многумина значат почеток на мачната борба со сезонските алергии. Наместо уживање во природата, зголемената концентрација на полен носи солзење на очите, кивање и отежнато дишење. Иако современата медицина нуди бројни решенија, сè повеќе луѓе се вртат кон природата за да го зајакнат својот имунолошки систем и да ги ублажат симптомите на поприроден начин.
Еден од најефикасните сојузници во оваа борба е моќната чајна мешавина од:
- коприва
- тегавец
- корен од глуварче.
Оваа комбинација работи синергетски: копривата делува антиинфламаторно и ги смирува алергиските реакции, тегавецот ја регенерира иритираната слузница на дишните патишта, додека коренот од глуварче помага во детоксикација на организмот и воспоставување внатрешна рамнотежа.
Подготовката на овој природен лек е едноставна. Потребно е да измешате еднакви количини од трите билки, а потоа една супена лажица од оваа мешавина да прелиете со врела вода. По триесет минути чајот се цеди и се пие во мали голтки. За најдобар ефект, експертите препорачуваат да се консумираат две до три шолји дневно, по можност незасладени, со цел да се искористи целосниот потенцијал на активните состојки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата