logo
logo
logo

ПРВИОТ ЛЕК ВО СВЕТОТ за вечна младост се тестира во Русија!

Vecer | 29.04.2026

ПРВИОТ ЛЕК ВО СВЕТОТ за вечна младост се тестира во Русија!

Руски научници работат на револуционерен потфат – создавање на првиот лек за генска терапија во светот кој директно ќе го блокира процесот на стареење. Како што објави заменик-министерот за наука, Денис Секирински, проектот е фокусиран на генот RAGE, рецептор чија активација е главниот „прекинувач“ за стареење на клетките.

Истражувањето, кое се спроведува во рамките на националниот проект „Нови технологии за зачувување на здравјето“, ветува дека со блокирање на овој ген, ќе може значително да се продолжи младоста на клетките и да се спречат болестите поврзани со возраста. За овој амбициозен проект е задолжен Институтот за биологија на стареење и медицина.

„Блокадата на генот RAGE може да ја продолжи младоста на клетката. Нашата цел е првиот лек во светот кој целно го блокира овој рецептор, користејќи ги најнапредните генетски технологии“, објасни Секирински на конференцијата во Саранск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk