logo
logo
logo

Топ 5 намирници за производство на колаген, кожата станува сјајна и мазна

Vecer | 26.03.2025

Топ 5 намирници за производство на колаген, кожата станува сјајна и мазна

Колагенот е протеин кој е неверојатно важен за одржување на младешка кожа. Како што старееме, колагенот се распаѓа и еластичноста на кожата се губи.

За среќа, одредена храна може да помогне да се надополни овој важен протеин.

Риба

Рибата, особено морската храна, е богата со минерали кои се одговорни за производство на колаген, како што е цинкот. Содржи и многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на влажноста и еластичноста на кожата.

Чиа семе

Чиа семето се иднината на убавата кожа, пред сè благодарение на неговите неверојатни својства. Омега-3 масните киселини, кои се богати со нив, делуваат против акни и брчки, но и многу поволно делуваат на побрз раст на косата и ноктите.

Зелен зеленчук

Речиси сите зелени зеленчуци содржат хлорофил, пигмент кој го зголемува нивото на проколаген во телото. Хлорофилот исто така ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи за борба против слободните радикали и УВ зраците кои ја оштетуваат кожата.

Домат

Богат е со ликопен, кој ја штити кожата од УВ зраците и ја стимулира синтезата на колаген. Сè што ви треба за здрава, мазна и без акни кожа се свежи домати.

Доматите се богати со витамини, како што се А, Ц, Е, К и Б6, кои на кожата и ја обезбедуваат потребната исхрана.

Со секојдневно консумирање домати, кожата на лицето ќе ви стане сјајна и мазна, а лузните од акните и акните ќе исчезнат. Киселоста во доматите исто така може да помогне во балансирање на нивото на pH во вашата кожа.

Авокадо

Еден од најдобрите извори на здрави масти е авокадото. Содржи и корисни масти кои го подобруваат здравјето на кожата и го зголемуваат производството на колаген.

Според некои истражувања, во земјите каде жителите консумираат големи количини на незаситени масти, појавата на брчки е значително помала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk