logo
logo
logo

Чувајте пари, НОВИОТ АЈФОН 15 Е НАВИСТИНА - НЕШТО НОВО

Vecer | 09.04.2023

Чувајте пари, НОВИОТ АЈФОН 15 Е НАВИСТИНА - НЕШТО НОВО

Во февруари оваа година, iPhone 15 Pro се појави на CAD рендерите, а не долго потоа и на новите рендери во црвено. Сега пристигнуваат нови, висококвалитетни рендери на овој телефон, кои ни даваат детален преглед на претстојниот телефон на Apple.

Се очекува серијата iPhone 15 официјално да биде претставена есента оваа година. iPhone 15 Pro ќе има рамка изработена од титаниум со заоблени рабови. Се чини дека Apple, во оваа смисла, ги послуша повратните информации на корисниците на моделот iPhone 14, кои се пожалија на острите рабови.

Рендерите откриваат дека сензорите на камерата на задната страна ќе бидат уште поголеми, а целиот остров на камерата исто така ќе биде подебел во споредба со оној што се наоѓа на моделот iPhone 14 Pro. Според претходните извештаи, камерите на iPhone 15 Pro ќе имаат сосема нова технологија која ќе добива повеќе светлина.

Сите модели на iPhone 15 ќе имаат USB-C порти во долниот дел од рамката, што секако е огромна промена во споредба со претходните iPhone уреди. Копчињата за контрола на звукот ќе бидат хаптични, додека препознатливиот прекинувач на Apple за промена на режимот на звук ќе биде обично копче на допир, а не лизгачки прекинувач.

Рамките околу екранот ќе бидат значително намалени во споредба со оние на претходникот. Така, тие ќе бидат дебели само 1,55 mm од сите страни, додека стаклото ќе биде суптилно закривено кон титаниумската рамка.

Новиот модел ќе има димензии од 146,47 x 70,46 x 8,24 mm, наспроти 147,46 x 71,45 x 7,84 mm за моделот iPhone 14 Pro.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk