logo
logo
logo

ЧОВЕК СУПЕРХЕРОЈ! Спаси девојче кое падна од 12 спрат (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2021

ЧОВЕК СУПЕРХЕРОЈ! Спаси девојче кое падна од 12 спрат (ВИДЕО)

Доставувач стана вистински херој откако спаси мало девојче кое паѓаше од 12 кат на 16 катница во Виетнам.

Нгујен Нгок Ман брзо реагирал, а тоа му го спасило живото на девојчето.

Човекот работи како возач на камион со кој доставува стока.

- Седев во возилото и чекав да доставам некои работи на клиент во спротивната зграда, додека слушнав бебе како плаче.

Сепак, штом слушнав некој како вика за помош, го отворив прозорецот, погледнав наоколу и го видов како виси на балконот.

Веднаш излегов од автомобилот се наместив на вистинската позиција да го дофатам.

За среќа, бебето падна во мојот скут. Набрзина ја прегрнав, а потоа видов како и капе крв од устата, многу се исплашив - ме потсети Ман.

За среќа, бебето било пренесено во блиската болница. Според првите вести, девојчето има скршеница на раката и ногата, додека нејзиното здравје е засега е стабилно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk