logo
logo
logo

Четиригодишно дете стана најмлад член на Менса: Брои до 100 на шест јазици

Vecer | 24.01.2023

Четиригодишно дете стана најмлад член на Менса: Брои до 100 на шест јазици

Четиригодишниот Теди Хобс може да брои до 100 на шест јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот.

„Со гледање телевизија и слушање и копирање на звуците на гласовите, тој научи да чита на 26 месеци“, изјавила мајката на Теди, Бет Хобс за Би-Би-Си.

Еден ден неговите родители го слушнале како изговара зборови кои не ги разбираат. Зачудената мајка го прашала Теди за што зборува, а тој открил дека брои на мандарински.

"Тој стана член на Менса на три години, што во моментов го прави најмладиот член на организацијата во Британија. Тој почнува да сфаќа дека неговите пријатели сè уште не знаат да читаат и не разбира зошто. Важно ни е да остане приземјен и да препознае дека секое дете има индивидуални таленти“, додава мајката на малиот генијалец.

Менса прифаќа поединци кои постигнуваат резултати во 98-от перцентил или повисоко на одобрениот тест за интелигенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk