Луѓето изневеруваат од безброј причини, при што мажите повеќе од жените веруваат дека постојат одредени ситуации во кои изневерувањето на партнерот е прифатливо.

Истражувањето на BBC покажа дека 83 отсто од возрасните во Обединетото Кралство се согласиле дека чувствуваат значителна одговорност да му бидат верни на својот партнер. И додека 80 отсто од анкетираните жени се согласиле дека никогаш не е прифатливо да го изневерувате партнерот, „само“ 64 отсто од мажите се согласиле со таа изјава, пренесува The Sun.

Изневерувањето е причина број еден за развод, а студиите покажуваат дека и мажите и жените како некои од причините за изневерување ги наведуваат досадата, потрагата по возбуда и одмаздата. Но, за жените, причина број еден за изневерување всушност не е сексот, тоа е чувството на емоционална лишување. Жените често се неверни затоа што се чувствуваат осамено или им пречи што партнерот ги зема здраво за готово. Сакаат повторно да се чувствуваат посакувано и ценето. А многу жени дури велат дека изневеруваат за да ја спасат својата врска.

За сите оние кои се сомневаат дека партнерот ги изневерува, еве некои од знаците на кои треба да внимаваат. Но, не треба да заборавиме дека само затоа што се сомневате во неверство, не значи дека е вистина. За која било од овие промени може да има невино објаснување.

– Одеднаш станува помалку приврзана   (или повеќе од вообичаено)

– Промени во нејзината вообичаена рутина: Ако почне постојано да се  враќа дома од работа               доцна или да оди на чести деловни состаноци

– Таа станува многу таинствена за нејзиниот телефон и интернет навиките: може да ги смени лозинките, да го скрие телефонот или да почне да се јавува во друга соба.

– Почнува да става повеќе шминка или парфем без некоја очигледна причина или се облекува секси кога излегува со другарките, што порано не беше случај.