logo
logo
logo

Кралот Чарлс е во болница! Бакингемската палата ја откри причината

Vecer | 28.03.2025

Кралот Чарлс е во болница! Бакингемската палата ја откри причината

Британскиот кралот Чарлс е хоспитализиран откако доживеал привремени несакани последици од лекувањето на ракот, потврди Бакингемската палата.

Не е посочено за какви несакани ефекти се работи, но Бакингемската палата го опиша неговото згрижување како помал проблем и додаде дека неговото лекување оди во вистинска насока. Британските медиуми јавуваат дека кралицата Камила не била видена со него во болница. Тој е вратен во Кларенс хаус.

Лекарите го советувале кралот да ги откаже сите закажани ангажмани за следниов период, што тој го направил и им се извини на соработниците.

Чарлс во февруари лани објави дека боледува од рак по операцијата за зголемена простата.

Во октомври, тој накратко го прекина лекувањето додека беше во 11-дневна кралска посета на Австралија со кралицата Камила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk