logo
logo
logo

ШОКАНТНА ПРОМЕНА

Целото тело и е со тетоважи, па решила да ги тргне за да види како изгледа без нив

Vecer | 28.05.2021

Целото тело и е со тетоважи, па решила да ги тргне за да види како изгледа без нив

26-годишната Амбер Лук од Бризбејн речиси нема дел од телото на кој нема тетоважа, дури пред неколку години ги истетовирала и очните јаболка. Но сега, решила да ги покрие и да види како би изгледала без нив.

Вели дека тетоважите и помогнале во борбата со менталното здравје, а сега решила само на еден ден да покаже како би изгледала без нив.

- Не знам ни како да реагирам. Боже мили..., рекла и додала дека новиот изглед не и се допаѓа. Сепак решила и на мајка и да и покаже како изгледа со „обично“ лице и тело. Слична реакција имала и мајка Вики, која рекла: „Каде ми е ќерката?“

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=215&v=vd7PR6s82sM&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk