logo
logo
logo

„Целиот коронавирус би можел да се собере во една лименка“

Vecer | 11.02.2021

„Целиот коронавирус би можел да се собере во една лименка“

Британскиот математичар Кит Јејтс дошол до интересен  заклучок во врска со коронавирусот.

„Целиот вирус  кој моментално кружи низ целиот свет лесно може да се вклопи во една лименка Кока-Кола – пресмета британскиот математичар Кит Јејтс, од Универзитетот во Бати, и со тоа покажа колку проблеми може да предизвика нешто толку мало.

Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новозаразени и проценките за количината на вирус по лице, математичарот заклучил дека во светот има околу две милијарди честички од коронавирусот, пишува index.hr.

Земајќи ја предвид големината на вирусот, во просек околу 100 нанометри, Јејтс го пресметал вкупниот волумен на вирусот.

Дури и кога се земени предвид острите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен сепак е, наводно, помал од лименката Кока-Кола од три децилитри.

„Неверојатно е кога мислите дека сите проблеми, хаоси, тешкотии и загуби на живот во изминатата година се резултат на нешто што може да се вклопи во две голтки – истакна Јејтс.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk