logo
logo
logo

ЦЕЛ ТВИТЕР СЕ ПОТСМЕВА: Медицинска сестра тврди дека откако се вакцинирала станала магнет (ВИДЕО)

Vecer | 10.06.2021

ЦЕЛ ТВИТЕР СЕ ПОТСМЕВА: Медицинска сестра тврди дека откако се вакцинирала станала магнет (ВИДЕО)

На популарната ТикТок мрежа изминатиов период се објавија многу видеа на кои корисниците тврдат дека вакцината против ковид ги „магнетизирала“.

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив. Таа дури го изнесе своето тврдење и пред Министерството за здравство, и се обиде да го докаже тоа со потпирање клуч и шнола на вратот. „Можете ли да го објасните ова? ги праша присутните на очигледно неуспешната демонстрација.

Ниту еден од овие предмети не се задржал на неа и веднаш паднале, но кога првпат го залепила клучот за градите, застанал кратко.

Ова, пишува BuzzFeed, се случило затоа што човечкото тело лачи себум и пот, така што кожата е леплива и предметите можат на кратко да се задржат за неа.

Важно е да се нагласи дека огромното мнозинство копчиња денес не може да ги привлече магнет, бидејќи се претежно направени од алуминиум.

Оверхолт веднаш ја одбрани добро познатата анти-ваксерка Шери Тенпени, која тврди дека „долго време се сомневала дека постои досега неопределена врска помеѓу вакцините и мрежните 5G предаватели“.

Сепак, екипата на Твитер не дозволи нивните тврдења да остабнат незабележани и им се потсмеваат со денови.

"Дами и господа, овој молив е наводно направен од дрво, но ако го држам опуштен меѓу прстите и го поместувам нагоре и надолу, се чини дека е направен од гума. Можете ли да го објасните тоа?" напиша еден твитерџија.

„Сето ова е само забавно додека не сфатите дека вакцината може да го магнетизира алуминиумот“, додаде друг.

„Неверојатно е како во еден момент од нејзиниот живот, оваа жена била доволно паметна за да го заврши напорното школување за медицинска сестра“, напишал еден.

„Докторке, можете ли да објасните зошто имам магнетни својства по вакцинирањето? напиша твитерџијата со залепени клучеви на лицето.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk