logo
logo
logo

НЕДОСТИГОТ НА СОН може да го скрати животот

Vecer | 15.01.2026

НЕДОСТИГОТ НА СОН може да го скрати животот

Сонот е едно од најважните нешта за добро здравје. Но ново истражување покажа дека постојано покусото спиење всушност може и да го скрати животот.

Научниот труд спроведен во Соединетите Американски Држави е објавен во списанието „Слип адвенсес“ (Sleep Advances). Врската меѓу спиењето и долговечноста е сложена, но лекарите велат дека не се шокирани од резултатите. Научниците, имено, анализирале податоци од анкетата за фактори на ризик во однесувањето на Центрите за контрола и превенција на болестите, спроведена меѓу 2019 и 2025 година. Анкетата се спроведува месечно од страна на државните здравствени оддели и испитува низа навики што може да влијаат на здравјето на една личност, како што се пушењето, исхраната, хроничните состојби и времетраењето на спиењето.

Меѓу прашањата било и следното: Колку часа во просек спиете во период од 24 часа?

Доволниот сон е поврзан со многу аспекти на здравјето, вклучувајќи ги кардиоваскуларното здравје, нашиот имунолошки систем, па дури и контролата на телесната тежина и расположението. Ова ја одразува важноста на спиењето за нашиот животен век – изјави за СЕЛФ (SELF), Бет Малоу, невролог и раководител на Одделот за нарушувања на спиењето.

Истражувачите откриле дека спиењето е најдобар показател и фактор за очекуваниот животен век, па дури и ги надминува факторите, како што се исхраната, физичката активност и социјалната изолација. Ова значи дека луѓето што пријавиле дека ги добиваат препорачаните седум или повеќе часа сон навечер имаат поголема веројатност да ги надживеат оние што постојано спијат помалку од седум часа навечер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk