Колумбиската водителка Рози Лемос стана сензација откако столчето на кое седеше падна некаде кон средината од преносот во живо. Таа го освои интернетот со својата неверојатно смирена реакција.
Водителката остана смирена и професионална, а тоа го привлече вниманието на многумина кои ја пофалија нејзината реакција. Лемос известуваше за дневните вести кога нејзиното столче одеднаш се лизна и се преврти наназад, ставајќи ја во непријатна ситуација.
Иако падот беше бучен, водителка остана смирена - ги свитка колената и одржа професионално однесување за гледачите да не го забележат инцидентот. Без да го прекине преносот, таа продолжи да известува како ништо да не се случило.
По завршувањето на емисијата, водителка се огласи на социјалните мрежи и со малку хумор се осврна на несреќата. Таа истакна дека тоа биле „најдолгите секунди во нејзиниот живот“ и се пошегува дека „речиси станала вест во сопственото известување“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата