Лекот против рак „Афтотид“ е создаден во Русија и нема еквивалент во светот. „Афтотид“ веќе се користи во третманот на волонтери. Неговата безбедност беше докажана и на суд.
Спорот помеѓу производителот на лекот, компанијата „Лина-М“ и Министерството за индустрија и трговија на Русија, го разгледа 9-тиот Апелационен суд за арбитража. Во судската одлука се наведува дека лекот овозможува лекување на онколошки заболувања без оглед на стадиумот на болеста.

Руските научници ја завршуваат работата на нова, револуционерна вакцина против рак која треба да биде пуштена во употреба следната година, изјави директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинцбург.
Тој објасни дека станува збор за терапевтска вакцина која ќе им се дава на оние на кои веќе им е дијагностициран рак.
- Оваа технологија нуди значителна предност, бидејќи овозможува производство на многу висока концентрација на целниот протеин потребен за активирање на имунолошкиот систем, дури и над нивоата потребни за обука на имунолошкиот систем да прави разлика помеѓу сопствените и туѓите протеини - изјави Гинцбург.
Тој истакна дека новата вакцина е персонализиран производ и дека ќе биде создадена за секој пациент поединечно, бидејќи нема два исти тумори.

Гинцбург изјави дека истражувачите ја докажале нејзината ефикасност во лекувањето на глувци, користејќи животински модел на меланом.
Тие моментално развиваат модели за лекување на други онколошки заболувања, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, кој наводно е најчесто дијагностициран рак со највисока стапка на смртност.
Овој вид рак не реагира добро на постојните методи на лекување на онкологија, како што се хирургија, зрачење или хемотерапија.
- Затоа сега создаваме таков модел - рече Гинцбург.
Ќе се развиваат и други модели за онколошки заболувања, вклучувајќи рак на панкреас и одредени видови рак на бубрег.
Зборувајќи за датумот на пуштање во употреба на новата вакцина, раководителот на „Гамалеја“ рече дека до септември 2025 година ќе започне работата во Институтот за онколошки истражувања „Херцен“ и Центарот за рак „Блохин“, кога ќе се применува кај пациенти кои страдаат од рак.
Во почетните фази, ефикасноста на вакцината ќе се тестира на ограничена група луѓе.
- Кога оваа технологија ќе биде регистрирана од Министерството за здравство, се надевам дека брзо ќе се прошири и ќе се примени во други центри за лекување низ нашата земја - изјави Гинцбург.
Во август 2020 година, рускиот институт „Гамалеја“ ја направи вакцината „Спутник V“, една од првите развиени во светот.
Лекот против повеќе видови рак е револуција во медицинската наука и фармацијата и се очекува да се најде на пазарот на почетокот на следната година.
Пронајден нов СУПЕР АНТИБИОТИК

Но, тоа не е се. Науката решава уште еден голем проблем во полза на здравјето и спасувањето животи. Пред се зарадаи премногу честа, дури и неконтролирана употреба на антибиотици, бактериите и вирусите со време стануваат имуни на нив и дејството им се намалува. Патем, со мутација, за тоа време се создадаваат супербактерии на кои денешните антибиотици влијаат малку или воопшто.
Наскоро ќе започнат последните тестови на антибиотикот зосурабалпин, кој е наменет за третман на инфекции кои го загрозуваат животот, врз луѓе, објави денес швајцарската фармацевтска компанија „Рош“.
Компанијата соопшти дека зосурабалпинот, првата класа антибиотици способна за борба против супербактерии, покажала ветувачки резултати во раните испитувања и сега ќе помине низ поголеми испитувања врз луѓе.
Доколку се докаже дека делува, ќе обезбеди нова алатка во борбата против ацинетобактер баумани, бактерија отпорна на лекови која е причина за 50 проценти од смртните случаи кај оние кои умираат од инфекцијата.
Со децении не е откриена нова класа антибиотици, а повеќе од 50 години не е пронајдена ниту една што може да уништи „грам-негативни“ бактерии како Ацинетобактер.
Овие видови бактерии имаат надворешна и внатрешна мембрана, што ги отежнува уништувањето, објавува Фајненшл тајмс. Бидејќи микробите еволуирале за да ги избегнат постојните третмани, ова значи дека отпорноста на антибиотици се зголемила, што довело до повеќе од милион смртни случаи низ целиот свет секоја година, а се стравува дека овој број ќе се зголеми.

Светската здравствена организација го наведе ацинетобактериот како приоритетен патоген за фармацевтските компании, одговорен за околу една петтина од инфекциите во единиците за интензивна нега.
Новите испитувања на зосурабалпин се закажани за подоцна оваа или почетокот на следната година и ќе опфатат околу 400 пациенти.
Михаел Лобрик, глобален раководител на заразни болести на швајцарската фармацевтска компанија, рече дека овој лек е важен и за она што може да го направи и за она што го претставува, односно затоа што ги напаѓа бактериите на нов начин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата