logo
logo
logo

Lenovo Legion Go S со SteamOS: Една конзола, илјадници игри и нула непотребни компликации

Vecer | 10.07.2026

Lenovo Legion Go S со SteamOS: Една конзола, илјадници игри и нула непотребни компликации

Додека поголемиот дел од преносните гејмерски уреди сè уште се потпираат на класични десктоп оперативни системи, Lenovo Legion Go S со SteamOS носи поинаков пристап – систем создаден специјално за гејминг, без непотребни апликации, сложени менија и дополнителни чекори пред започнување на играта.

Токму SteamOS е причината поради која Legion Go S привлекува огромно внимание кај љубителите на handheld гејмингот. Наместо искуство кое потсетува на мини лаптоп, корисниците добиваат вистинска гејмерска конзола која директно овозможува пристап до Steam библиотеката и омилените наслови.

Во срцето на овој модел се наоѓа AMD Ryzen Z2 Go процесор, придружен од 16GB LPDDR5X меморија и 512GB SSD складиште, конфигурација подготвена за модерни игри и секојдневен мобилен гејминг. Дополнително, 8-инчниот екран е една од најсилните страни на Legion Go S. Резолуцијата од 1920x1200 нуди повеќе вертикален простор од класичните Full HD панели, а 120Hz освежување овозможува многу помазно движење во компетитивни и брзи игри. Додајте го и VRR, кој ги намалува кинењата на сликата и осигурува постабилно визуелно искуство.

За гејмер кој игра Rocket League, EA FC, Apex Legends или Forza Horizon, ова е разлика што веднаш се забележува.

Она што го прави Legion Go S особено интересен е фактот што ги комбинира предностите на PC гејмингот со едноставноста на класичните конзоли. Без разлика дали станува збор за играње дома, за време на патување или во кратки паузи во текот на денот, целата Steam библиотека е секогаш достапна во компактен формат.

Не е изненадување што SteamOS верзиите на Legion Go S предизвикуваат сериозен интерес на глобалниот пазар. Во текот на 2026 година, повеќе извештаи забележаа значителен раст на цените кај одредени конфигурации, што дополнително ја покажува побарувачката за ваков тип уреди и растечката популарност на SteamOS во handheld сегментот.

Наскоро во KupiLenovo.mk пристигнуваат нови количини од Lenovo Legion Go S моделот. Контактирајте ги и дознајте кој точно конфигурации ќе бидат достапни наскоро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk