Иљадници туристи од регионот и пошроко секоја година ја посетуваат Мокра Гора. Дел од нив поради Дрвенград на Емир Кустурица кој е етнички и ултуролошки феномен, но добар дел и поради “Шарганска осмица“.
Шарганската осмица е железничка пруга со тесен колосек во Србија, почнувајќи од селото Мокра Гора до станицата Шарган Витаси (Златибор, Ужице. Проширување во Вишеград во Република Српска, Босна и Херцеговина, било завршено на 28 август 2010. Се планира да се прошири до селото Кремна, место на легендарните “пророци од Кремна“.

Шарганска осмица, и пругата по која се вози, е место каде се снимани многу филмови а Кустурица својот филм Животот е чудо целосно го снимил на оваа локација.

Не е познато што е поинтересно. Дали е тоа обликот на железницата или фактот дека на трасата има и железничка станица, специфична по тоа што на неа апсолутно не се продавале билети.
Секако, историјата на познатата теснолиниска железница, која некогаш ја управувал подеднакво познатиот воз „Ќира“, не е помалку интересна.

Делницата, долга околу 3.500 метри помеѓу Мокра Гора и Шарган, е специфична поради разликата во висината од околу триста метри. Токму ова беше вистинскиот предизвик за планерите, кои мораа да се потрудат за да изградат железница што ќе ја надмине висинската разлика на така кратка релација низ шуми и планини.
Решението беше да се направи јамка, обликувана како бројот осум. И така, накратко, се роди познатата Шарганска осмица, која е карактеризирана како туристичко-музејска железница.
За Шарганската осмица

Иако оваа „осумица“ е специфичноста на овој дел од железницата, почнувајќи од 1925 до 1974 година, нејзината карактеристика беше и „Ќира“.
За посетителите на Мокра Гора, возењето со тој воз, кој го управуваше парна локомотива, беше особено привлечно. Токму затоа „Ќира“ беше и останува обележје на оваа железница, која работеше до нејзиното укинување, на последниот ден од февруари 1974 година.

Покрај „Ќира“, карактеристика на оваа интересна железница, во чија близина се наоѓаат три планини, Златибор, Златар и Тара, се и мостовите и вијадуктите, но и околу 20 тунели и една железничка станица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата