Македонија го доби своето прво признаено овчарско куче со самостојно национално потекло. Караманот отсега е дел од семејството на 378 светски раси на кучиња, потег со кој Меѓународната кинолошка федерација го потврди богатото автохтоно наследство на нашата држава.
Илија Ико Каров, претседател на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“, посочува дека овој успех е круна на 25-годишна макотрпна работа. Според него, ова не е само впишување ново име во регистрите, туку симбол на македонскиот непокор и истрајност. Процесот на стандардизација на ова куче, кое со векови ги чувало стадата низ македонските планини, траел цели две децении. Признавањето, кое официјално се случи на 21 февруари, е победа за целата држава и потврда дека визијата водена од љубов може да стане реалност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата