logo
logo
logo

Британски водител во емисија јаде бифтек, додека разговара со вегански активист (ВИДЕО)

Vecer | 07.12.2022

Британски водител во емисија јаде бифтек, додека разговара со вегански активист (ВИДЕО)

57-годишниот водител разговарал за протестите што ги започнало движењето Animal Rebellion. Тој ги покани портпаролот на движењето Нејтан Мекговерн и готвачот Алдо Зили во шоуто за да разговараат за протестите. „Навистина не ги сакам премногу веганите... Сите ми изгледате прилично бледо и нездраво“, му рекол водителот на активистот веднаш на почетокот на емисијата.

(Разговорот можете да го погледнете од 27. минута)

„За разлика од вас, јас не трчам по вегански ресторани за да ве навредувам и луѓето да ме избркаат од нив“, додаде тој, на што активистот одговорил дека шоуто го започнал со „тесен поглед на работите“ и се обидел да му објасни дека „животинските протеини може да се добијат на поинаков начин“.

„Но, јас сакам да јадам месо“, му врати Морган, а потоа почна да го испрашува активистот со другиот гостин за тоа зошто ги насочуваат своите протести на јавни места како ресторани. Додека траела расправијата, Морган го извадил бифтекот и почнал да го јаде, предизвикувајќи смеа кај двајцата гости.

„Обожавам да јадам месо. Нема да престанам да го јадам. И последното нешто на светот што ќе ме спречи да јадам бифтек е луѓе како тебе што трчаат во нашите ресторани и ни велат да престанеме да јадеме месо“, заклучил тој. .

„И тоа е сосема во ред“, му одговорил активистот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk