Овој своевиден обичај на допишување почнал кога овие две жени тогаш имале околу 12 години.
Имено, Силвија Перкинс од југоисточен Лондон, почнала да ѝ пишува на Лиза Кул од Германија во 1948 година, додека одела во женското училиште „Моноу Роуд“, во годините по Втората светска војна. Перкинс призна дека таа е единствената од своето одделение која продолжила да ѝ пишува писма на својата другарка преку морето. Повеќето другите ученици во нејзиното одделение го завршиле своето допишување по завршувањето на проектот, но Перкинс продолжи да ѝ пишува на Кул, која сега има 89 години.
И покрај тоа што никогаш не разговарале по телефон, ниту пак, лично се сретнале, тие продолжуваат да ги споделуваат новостите за своите животи - цели 76 години.
- Имавме задача на часовите по Англиски јазик каде што ни беше дадена адреса, и секако - напишавме писма, а претпоставувам, училиштето и ги објави. Потоа ни преостана да одиме по својот пат, но мајка ми ме охрабри да продолжам да пишувам. Се сеќавам на еден Велигден - мајка ми, која беше „многу паметна мустра“, купи прекрасна марама за Лиза што ѝ ја испративме за Велигден, раскажува Перкинс.
Таквите гестови, се чини, го зацврстиле другарството меѓу двете девојчиња.
- Таа сигурно беше иста како мене. Таа мора да има ист темперамент како мојот и јас го ценам тоа, додаде Перкинс.
Таа вели и дека иако училишната вежба била резултат на војната, со Кул никогаш не зборувале за тоа.
- Тие денови немавме социјални мрежи. Само пенкало и хартија, нели?, рече Перкинс.
Нејзината најнова божиќна честитка од Кул гласи: „Драга Силвија, измина уште една година, а ние сме една година постари - 88 и 89 години. Ти си прабаба, па и јас сум 'прабаба' на Јоши - новото куче на мојот внук Јонас и неговата сопруга. 2024 беше добра година, со добро здравје. Јас сум во мојата куќа. За тебе и твоето семејство, ви посакувам многу среќен Божиќ и здрава 2025 година. Твоја, Лиза“.
Перкинс, вели, со нетрпение ја очекува секоја честитка на Кул за Божиќ, за да знае дека е сè уште жива и здрава.
- Тоа е само една божиќна годишна честитка, но јас ќе ја добијам таа божиќна честитка и си велам: Одлично, таа сè уште се држи!, рече таа.
За нејзиниот 50-ти роденден, ќерката на Перкинс - Џоун се обидела да организира Кул да дојде во Лондон, но не можела поради лошото здравје на нејзиниот сопруг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата