logo
logo
logo

Британец преживеал напад на нилски коњ- три пати животното го голтнало и исплукало (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2024

Британец преживеал напад на нилски коњ- три пати животното го голтнало и исплукало (ВИДЕО)

Имал 28 години, ја обожавал природата и немал поим каков ужас се подготвува. Неговата приказна повторно и повторно се ажурира на мрежите.

На 9 март 1996 година, Темплер бил во друштво на тројца колеги и неколку туристи додека уживале во обиколката на водопадите Викторија со кану.

„Тогаш наидовме на неколку нилски коњи. Беа далеку, па верував дека сме безбедни. Меѓутоа, одеднаш слушнавме прскање и почувствувавме удар. Колегата полета во водата“, сведочеше тој.

Темплер им рекол на туристите да се оддалечат со кануата и отишол да го извлече другиот водич. Тогаш ситуацијата станала драматична, пренесува Unilad.

„Забележав нилски коњ под вода, изгледаше како торпедо. Одеднаш сè стана темно и тивко, а ми требаа неколку секунди да разберам што се случило“.

Темплер почувствувал дека повеќе не е во водата.

„Почувствував притисок на долниот дел на грбот. Се обидов да се свртам, но залудно. Тогаш сфатив дека нилскиот коњ ме проголта. Се обидов да се извлечам и тој ме исплука“.

Исплашен, се обидел да се оддалечи, но огромното животно повторно го проголтало.

„Повторно бев внатре, а неколку моменти подоцна ме исплука надвор“.

Темплер допливал до брегот, но животното не се откажало. Ги отворило вилиците и го зграпчил пленот.

„Мислев дека ќе ме касне на половина. Крвта ми се измеша со водата. Не знаев дали ќе искрварам или ќе се удавам“.

За жал, неговиот колега не преживеал, додека главниот актер на приказната завршил во болница.

Телото му било целосно згмечено, а лекарите едвај му ја спасиле десната рака и нога. Левата морало да му биде ампутирана.

Темплер подоцна станал мотивациски говорник и им помагал на луѓето со своите совети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk