logo
logo
logo

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Vecer | 24.12.2025

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè на сè, празнично... Сепак, ако ги погледнете лицата на Трамп и Меланија, расположението за прослава не е присутно. И двајцата гледаат сериозно и „фиксирано“ во камерата. Без насмевки, без движења, би се рекло дека нема празнична, божиќна атмосфера!

Фотографијата е направена на 7 декември во Крос салата на Белата куќа. И двајцата се облечени во црно. Меланија Трамп носи долг црн фустан без ракави. Го комбинира со едноставни бисерни обетки и дијамантска нараквица.

Претседателот Трамп позира во црн смокинг со црна машна и лакирани чевли. Елегантно, без сомнение! Сепак, наместо божиќен и топол впечаток, фотографијата изгледа ладно и сериозно.

„Билд“ објавува дека честитките што Белата куќа им ги испраќа на граѓаните исто така звучат ладно и формално: „Среќен Божиќ од претседателот Доналд Џ. Трамп и првата дама Меланија Трамп“. Додаден е емотикон со американско знаме.

Корисниците на X се смеат на „намќорестите“ божиќни честитки.

„Изгледаат како да одат на погреб“, напиша еден корисник.

Многумина коментираат на фотографијата со зборовите „Направете го Божиќ повторно голем“ - алузија на изборниот слоган на Трамп „Направете ја Америка повторно голема“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk