logo
logo
logo

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во Светиот гроб во Ерусалим

Vecer | 19.04.2025

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во Светиот гроб во Ерусалим

Благодатниот оган се спушти во кувуклијата - параклисот над Светиот гроб, каде што според црковните преданија, бил погребан Исус Христос, откако православниот ерусалимски патријарх Теофил III влезе да се помоли.

На спуштањето на огнот му претходи сложен чин: вратата на кувуклијата е запечатена со голем восочен печат како знак дека нејзиното детално прегледување е завршено и дека внатре не е пронајдено ништо што би можело да му послужи на ерусалимскиот патријарх на каков било начин да запали оган.

Непосредно пред влегувањето на патријархот, печатот се отстранува и се внесува голем свеќник и 33 свеќи. Патријархот и присутните верници во храмот потоа непрекинато се молат за појавување на Благодатниот оган.

По спуштањето на огнот, патријархот излегува од кувуклијата им го предава светиот дар на собраните верници. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници верници, кои по преземањето на Благодатниот оган од рацете на ерусалимскиот патријарх го пренесуваат понатаму. 

Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk