logo
logo
logo

БИЗАРНИ НАВИКИ на кралот Чарлс кои дури ни Елизабета не ги разбра: Слуга за миење заби, плишано мече во кеса...

Vecer | 04.10.2022

БИЗАРНИ НАВИКИ на кралот Чарлс кои дури ни Елизабета не ги разбра: Слуга за миење заби, плишано мече во кеса...

Кралот Чарлс има многу специфични навики без кои не може да го замисли секојдневието. Тина Браун, авторка на книгата „The Palace Papers: Inside the House of Windsor“, објавена на почетокот на годината, меѓу другото открива дека најстариот син на кралицата Елизабета, кога оди да ги посети пријателите, мора да понесе специјални средства за хигиена, како и специјално мартини.

Со него во Бакингемската палата пристигнале и ортопедски кревет, даска за вц шоља, како и тоалетна хартија. Чудните ритуали, кои многумина би ги нарекле бизарни, го следат уште од детството.

Поранешниот помошник на Чарлс, Мајкл Фосет, и рекол на Браун дека на патувањата секогаш го носел своето омилено плишано мече во пластична кеса за да не се оштети играчката. Има и слуга кој секое утро стиска точно два ипол сантиметри паста на четката за заби.

Пол Бурел, поранешен батлер, откри дека пижамите на Чарлс морале да се пеглаат секое утро штом ќе се разбуди, дека врвките му ги ваделе од чевлите секој пат откако ќе ги облече и ги ставале под пегла за да се исправат и дека температурата на водата во неговата бања секогаш мора да биде иста.

Многу веројатно кралот Чарлс страда од опсесивно компулсивно нарушување па затоа му е тешко да се откаже од бизарните навики.

Foto: Profimedia

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk