На социјалните мрежи повторно почна да кружи старата приказна за наводната вонбрачна ќерка на кралот Чарлс и принцезата Дијана.
Како што пишува шпанска Марка, Чарлс и Дијана во 1981 година добиле ќерка, чие име е Сара Спенсер и која наводно живее во Америка. Дури се пишуваше дека самите Вилијам и Хари изразиле желба да ја запознаат, а Кејт наводно ја запознала и неа.
"Средбата беше договорена, но само за сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон. Таа беше многу импресионирана кога ја виде сличноста меѓу Сара и принцезата Дијана", изјавил тогаш извор.
Ако тоа би било вистина, тогаш Сара е идниот престолонаследник, со оглед на тоа што таа е првородена.
Приказните за нејзиното раѓање се прилично бизарни. Наводно, кралицата Елизабета сакала да провери дали Дијана може да има деца, па направила ин витро оплодување, но има уште полуда верзија. Наводно, лекарот за вештачко оплодување и ги украл јајцата на Дијана и спермата на Чарлс, а сето тоа го искористил со помош на сурогат мајка.
Откако почина принцезата Дијана, Сара се исплашила за својот живот и оттогаш живее во Америка.