Моника Баџински, која претходно купила парче земја во градот Сапалпа, останала без покрив над главата.
Нејзиниот сон да има дом се претворил во ноќна мора, кога добила повик од сосед и информација дека непознати лица ѝ одзеле сѐ што поседувала, оставајќи само бетонска плоча, исечени кабли и цевки.
Моника три месеци живеела во монтажната куќа, но поради увидот морала да се исели на кратко. Ја заклучила вратата од дворот и се преселила на друга локација, не знаејќи каков шок ја чека.
Соседот прв ја забележал отворената капија и дека куќата исчезнала без трага. Ја повикал сопственичката и ѝ ја соопштил неверојатната вест, пренесува Yahoo News.
„На улицата има камери. Тој видел четворица мажи кои се возеле во два пикап камиони. Со пила ја пресекоа бравата на капијата. Потоа ја пресекоа инсталацијата и заминаа со мојата куќа“, објаснила несреќната жена.
На плацот останала само бетонска плоча, а Моника го излепила целиот простор со плакати со најава дека нуди 500 долари за информации за крадците. Таа не ја открила цената на домот, но се верува дека чинел помеѓу 45.000 и 100.000 долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата