logo
logo
logo

ВИДЕО

БИЗАРЕН ГОВОР НА СВЕШТЕНИК: Имам авион, а можете да ми го одземете кога Исус ќе се појави на Земјата!

Vecer | 27.09.2021

БИЗАРЕН ГОВОР НА СВЕШТЕНИК: Имам авион, а можете да ми го одземете кога Исус ќе се појави на Земјата!

Доколку луѓето го сакаат Исус назад, ќе мора да брцнат подлабоко во своите паричници и да донираат повеќе за црквите. Барем така вели евангелистичкиот проповедник Џеси Дуплантис.

За време на неодамнешниот ТВ пренос во живо “Victorython”, Дуплантис тврди дека луѓето не донираат доволно пари за своите цркви и дека тоа е причината зошто Исус се уште не се појавил на Земјата.

-Искрено верувам во тоа – причината зошто Исус се уште не е дојден на Земјата е зошто луѓето не даваат онолку колку што Бог им рекол да дадат. Колку побрзо ова го сфатите толку побрзо ќе се случи, вели тој.

-Кога сите луѓе би свртеле на бројот на екранот и доколку се прошири гласот тогаш Бог ќе му рече на Исус – Ајде. Бидејќи и тој сака да не види нас колку што ние сакаме да го видиме него, додава тој.

Контроверзниот свештеник џЕСИ и истакнал дека луѓето не го прават она што им е кажано од Бог да го прават – мислејќи на финансиите.

-Јас немам проблем со давање, немам проблем ни со примање и не гледам разлика меѓу двете нешта. И да имам приватен авион. Можете да ми го одземете кога Исус ќе се појави на Земјата, завршил тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk