Поранешното момче на Мириам Бланко (33) од Салвадор постојано и велел дека е дебела и дека на крајот и него ќе го здебели. Заради неговите коментари признала дека од ден во ден губела се повеќе самодоверба, а дека кога ја „откачил“ тоа било шлаг на тортата.
Мириам мајка на четири деца вели дека имала околу 100 г кога поранешниот партнер решил да ја остави.
- Се плашев да излезам во јавност со него затоа што знаев дека пред сите ќе рече дека сум дебела, рекла и се присетила колку јадела во тоа време.
Внесувала двојно повеќе калории од што и било препорачано, а со оглед на тоа дека воопшто не се движела здравјето и било се позагрозено.
View this post on Instagram
Но кога во 2015 застанала пред огледало и видела колку се здебелила, решила да ги смени работите и себеси да се стави на прво место!
Се посветила на вежбање и поздрава храна и за неколу месеци симнала повеќе од 30 килограми, а новиот изглед и донел слава на интернет.
View this post on Instagram
Денес оваа самохрана мајка има повеќе од 30 000 фанови на Инстаграм каде редовно објавува фотографии од теретана и зборува за процесот на слабеење.
Како што и самата вели оброците и се едноставни и помалку калорични.
- Појадувам шејк, ручам пилешко или риба со зеленчук, а вечерам некое месо со ориз, раскажала и додала дека понекогаш јаде и нешто слатко.