logo
logo
logo

Била преубава и мега популарна: Доживеала ТРАГИЧНА СУДБИНА, и немало спас!

Vecer | 20.01.2022

Била преубава и мега популарна: Доживеала ТРАГИЧНА СУДБИНА, и немало спас!

Познатата актерка Одри Хепберн е родена во Белгија на 4 мај 1929 година, како единствено дете на бароницата Ела ван Хемстра и англискиот банкар Џозеф Виктор Ентони Растон.

Уште од најраното детство ја учеле на бонтон, а мајка и ѝ рекла дека најсилното оружје треба да и бидат женственоста и насмевката. Затоа, не треба да чуди што важеше за една од најубавите жени и најголемите дами на своето време и го доби епитетот на вистинска дива.

Нејзините родители се развеле когаимала само шест години, а нејзиниот татко, како симпатизер на нацистите, го напуштил семејниот дом. Одри често го спомнувала овој настан како најтрауматичен во нејзиниот живот, а никогаш не престанала да го бара својот татко.

Успеала во својот план и го нашла тешко болниот татко во Даблин, кому му праќала финансиска помош до крајот на животот.

- Многу тешко го поднесов заминувањето на родителот. Татко ми не напушти во 1935 година, а мајка ми тогаш ми објасни дека отишол на патување и дека не верува оти некогаш ќе се врати. Набргу почна војната и се загрижив дали е добро и дали е воопшто жив. Секојдневно му пишував писма за се, но мајка ми никогаш не ги праќаше затоа што не знаеше каде е. Од ден на ден научив да живеам без татко, но станав љубоморна на другите девојчиња кои имаа татко. Кога заврши војната, во мене се роди голема љубопитност која дотогаш не ни знаев дека ја имам. Преку Црвениот крст дознав дека живее во Ирска, но ми требаа уште многу години да се осмелам повторно да му напишам писмо. Кога тоа се случи, на 25 години, бев доволно зрела и сфатив дека само затоа што заминал не значеше дека не ме сака. Собрав сили и го посетив. Никогаш не го мразев бидејќи мајка ми секогаш зборуваше позитивно за него и за тоа и бев бескрајно благодарна, изјавила во една прилика актерката.

Кога започнала германската окупација на Европа, со мајка и се преселила во Норвешка бидејќи мислеле дека таму ќе бидат безбедни, па почнала да посетува балетско училиште таму. Таму и се разболела од анемија, а додека живееле во трошен стан, Хепберн прв пат се сретнала со страдање, поради што подоцна станала голем борец за човекови права.

- Никогаш нема да ги заборавам ужасните сцени што ги видов тогаш. Секојдневно заминуваа камиони полни со Евреи до логорите. Моментот на кој се сеќавам и денес е кога видов русокосо момче кое мирно оди во сигурна смрт. Носеше неколку бројки поголемо палто и насмевка на лицето. Бев дете кое, гледајќи го, му се восхитува на друго дете. Затоа и го посветив животот на работа во УНИЦЕФ, открила таа.

Кога завршила војната, Одри се преселила во Лондон со нејзината мајка, а поради сиромаштија нејзината мајка била принудена да работи различни работи, од чистачка до гувернанта.

На тој начин и самата Одри била охрабрена да почне да работи и сфатила дека глумата е многу подобро решение за неа од балетот. Мајка и секогаш шиешла убави фустани и, како што и самата постојано нагласувала, никогаш не забележала дека немаат доволно пари, а секогаш сонувала дека еден ден ќе има повеќе.

На голема врата на Холивуд влегла во 1953 година со улога во филмот „Одмор во Рим“, по што потпишала голем договор со медиумската куќа „Парамаунт“ и се преселила во Лос Анџелес.

После тоа добива улога во филмот „Сабрина“ во кој игра со Хемфри Богарт, а за време на снимањето се запознала со познатиот моден дизајнер Живанши и станала негова муза.

За време на снимањето на споменатиот филм таа го запознала и актерот Вилијам Холден и се заљубила во него. Иако Холден во тоа време бил во брак, верувала дека ќе се разведе и ќе основа ново семејство со неа, набрзо дознала дека тој бил подложен на вазектомија и сфатила дека никогаш нема да може да биде со таков маж.

-Бев лудо вљубена во него, како и во многу други, бидејќи сум таква по природа, брзо се вљубувам. Ја имам оваа лоша особина што кога започнувам романса веднаш се замислувам со тој човек на старост, а подоцна страдам. Вилијам не сакаше деца, а јас сонував дека еден ден ќе станам мајка, па моравме да се разделиме, изјавила тогаш.

- Со Вилијам беше страст, а вистинската љубов ми се случи само една година порано кога најдов венчаница и сакав да се омажам. Одредив и датум за свадба со тој тип, но потоа сфатив дека не можам да се посветам на работата и семејството и го оставив, истакнала Хепберн.

Во следните години станува многу популарна, улогите само се нижат, а добила и Оскар.

Својот прв сопруг Мел Ферер го запознала во јануари 1954 година, а се венчале во септември истата година. Иако се шушкало дека овој брак нема да трае долго поради неговата тешка природа, тие многу се сакале и биле среќни.

Синот Шон го добиле во 1960 година, а актерката пред тоа имала два спонтани абортуси. Едниот од нив се случил во март 1955 година, а другиот кога паднала од коњ и го повредила 'рбетот за време на снимањето на филмот „Непростено“. Докторите тогаш тврделе дека и двата абортуси ги имала поради голем стрес, а многу таблоиди тогаш пишувале дека психички и физички ја навредувал и дека поради тоа не може да изнесе бременоста. После тоа нивниот брак бил во криза, додека не се родил Шон.

Odri Hepbern

- Моментите кога ќе дознаете дека сте изгубиле бебе траат како години. Страшно е кога некој ќе ви каже дека вашето бебе ви умрело во утробата. И двата пати ми се скрши срцето затоа што многу сакав да станам мајка. Знам дека сешто се пишуваше, но разберете, Мел беше човек кој многу го сакав и никогаш нема да кажам ниту еден лош збор за него. Бев среќна со него или само така мислев, сега веќе не е важно. Не сакам луѓето да мислат дека сум тажна, не сакам сожалување во ниту една смисла, сакам да ме сакаат поради позитивната енергија што им ја пренесувам, изјавила тогаш актерката.

Хепберн се развела од Ферер по 14 години брак. Како главни причини се наведувало тоа што имал многу љубовници, но и тоа што таа почнала да чувствува нешто кон актерот Алберт Фини.

Животот го продолжила со синот, а во својот дом почнала да носи многу љубовници. Во јануари 1969 година повторно се омажила за италијанскиот лекар Андреј Доти, кого го запознала на патување во Грција.

Следната година го добиле синот Лука, но нивната среќа заврши 13 години подоцна кога се разведоа откако таа дознала дека нејзиниот сопруг има неколку помлади љубовници.

 

Odri Hepbern

- И двата пати чекав да пораснат моите синови за да се разведам. Не сакав момчињата да ги загубат татковците додека беа мали. Нивните раѓања се двете најубави работи што ми се случиле во животот. Мајчинството и породувањето се најубавите искуства на светот, изјавила тогаш актерката.

Извесен период се повлекла од светот на филмот бидејќи имала ризична бременост додека го носела Лука. На големото платно се вратила во 1979 година со улога во филмот „Bloodline“.

Од 1980 живеела со колегата Роберт Волдерс, но не се омажила за него бидејќи ја изгубила вербата во институцијата брак.

На почетокот на 1992 година со УНИЦЕФ отпатувала во Сомалија, а на враќање почнала да чувствува силни стомачни болки. Како што подоцна се испоставило, убавата актерка боледувала од рак на дебелото црево и белите дробови. Почнала со хемотерапија, но и пукнале цревата и морала итно да се оперира. Рак се проширил и лекарите изјавиле дека и' нема спас.

Одри Хепберн почина на 20 јануари 1993 година и беше погребана во Швајцарија, каде многу обожаватели и почитувачи на нејзиниот лик и дело сè уште положуваат цвеќе на нејзиниот гроб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk