logo
logo
logo

„Бесценета“ премиерно на „Браќа Манаки 2022”

Vecer | 20.08.2022

„Бесценета“ премиерно на „Браќа Манаки 2022”

На интернационалниот фестивал „Браќа Манаки 2022” ќе се прикажува премиера на краткометражниот филм „Бесценета” во режија на Дејан Јованов и сценарио на Мона Паскалова.

Улогите во оваа интересна филмска приказна ги толкуваат - Александар Микиќ, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Синоличка Трпкова, Ивица Димитријевиќ, Аксел Мехмет, Милан Тоциновски и други. Композитор на музиката, инаку напишана за филмот во рамките на The Living Music Project, 21 Cinedays, 2022, е Глигор Кондовски. Голема благодарност до Дарија Андовска којa беше ментор на проектот The Living Music Project и со чија помош е реализирана музиката. Кинематографер на филмот е Драгољуб Николовски, шминката е дело на Небојша Пешевски, костимографијата е на Жаклина Крстевска- Караѓозовска, додека сценограф е Сашо Блажевски. Продуцент на филмот е Душан Ефремов, монтажата е на Драган Спасов, а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов.

Филмот е во продукција на Блу Клауд- Филм и Медиа, финансиран од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Премиерата е закажана за понеделник (22.8.2022) со почеток во 20:30 часот во Офицерскиот дом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk