Модната дизајнерка и поранешна спајсица Викторија Бекам го прослави својот 50-ти роденден во Лондон, во голем стил на забава со некои од најпознатите светски ѕвезди, но и со некои посебни изненадувања за кои се погрижи нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.
Според британските медиуми, тој потрошил повеќе од 300.000 долари за Викторија за дополнително да ја изненади, па договорил нејзиниот омилен готвач да и готви и го купил нејзиното омилено пенливо вино, чија цена е повеќе од 3.500 долари за шише, пренесува Дејли мејл.
Врв на изненадувањето била песната „Стоп“, која на Викторија и ја испеаја нејзините колешки од поранешната глобално популарна група Spice Girls, а им се придружи и славеничката.
Гостите славеле до утрото, додека Викторија била видена како ја напушта забавата во 2:30 часот на грбот на нејзиниот сопруг Дејвид, кој ја внел во автомобилот.
Со неа славеле многу познати имиња, како Рози Хантингтон-Вајтли и нејзиниот сопруг Џејсон Статам, а тука бил и Марк Ентони со сопругата Надија Фереира. Готвачот Гордон Ремзи е виден со сопругата, актерката Ева Лонгорија, а биле и поранешните членови на познатиот бенд Spice Girls - Ема Бантон, Мелани Чишолм, Гери Халивел и Мелани Браун.