logo
logo
logo

МЛАДА МЕСЕЧИНА на 25 јуни: Моментот кога не се бара да направиме чекор напред, туку да се вратиме кон себе

Vecer | 24.06.2025

МЛАДА МЕСЕЧИНА на 25 јуни: Моментот кога не се бара да направиме чекор напред, туку да се вратиме кон себе

Во среда, на 25 јуни, ја дочекуваме Младата Месечина во знакот на Рак, а оваа лунација носи совршена можност за ресетирање, емоционално прочистување и враќање кон она што навистина нè исполнува.

Бидејќи Ракот е знак управуван од Месечината, оваа Млада Месечина има особено силно влијание: интуитивно, рефлективно и длабоко емотивно.

Време е да се вратиме на себеси

Ракот е знак на домот, семејството, спомените и внатрешната сигурност. Младата Месечина во овој знак нè поканува да застанеме, да ги слушнеме нашите потреби, да ги преиспитаме границите и повторно да се поврземе со она што ни дава чувство на сигурност, без разлика дали станува збор за вистински дом, најблиски или внатрешен мир.

Што да правите за време на младата месечина

Поминувајте време во природа, без телефон.

Создадете ритуал за опуштање: бањање, свеќи, омилени мириси.

Водете дневник, скицирајте, креирајте своја сопствена манифестација на „табла за визија“.

Проверете ги границите: кој и што го заслужува вашиот емотивен простор?

Ова е идеално време да поставите намери за претстојниот месец. Иако можеби не ви е јасно што точно сакате, Ракот нè учи дека вистината доаѓа преку чувствата. Значи: забави, почувствувај и дозволете си тишина.

Овен

Ова е време да се фокусирате на домашните и семејните односи. Смирете го својот импулс да бидете постојано во движење. Домот ве повикува да се поврзете, можеби дури и физички да го реорганизирате просторот.

Бик

Вашиот ум е полн со мисли, но младата месечина ве поканува да зборувате од срце. Одличен период за пишување, комуникација со најблиските и изразување нежност.

Близнаци

Парите, самодовербата и личните вредности се во фокусот. Поставете граници кога станува збор за тоа колку давате, и емоционално и материјално.

Рак

Ова е ваше лично ресетирање! Имате можност да се редефинирате, да одлучите кој сакате да бидете во втората половина од годината. Започнете со мали, но срдечни чекори.

Лав

Ќе почувствувате потреба да се повлечете и да ги наполните батериите. Наместо да бркате признание однадвор, барајте тишина одвнатре. Ова е вашето време за духовно прочистување.

Девица

Дружините, заедниците и пријателствата се под лупа. Запрашајте се: со кого ги споделувате вашите соништа? Време е да се опкружите со луѓе кои ве поддржуваат емоционално.

Вага

Кариерата и угледот доаѓаат до израз. Младата Месечина ви дава шанса да поставите нови професионални цели, но не по цена на личните вредности.

Шкорпија

Оваа лунација ве поканува да ги проширите вашите хоризонти, но не буквално, туку емоционално и духовно. Вашата интуиција расте, а патот до исполнување води низ внатрешна работа.

Стрелец

Време е да се нурнеме подлабоко. Интимност, доверба, споделени ресурси, ова се темите што се отвораат. Дозволете си ранливост.

Јарец

Фокусот се префрла на вашите партнерски односи. Дали се чувствувате безбедно? Време е да разговараме отворено и нежно, без одбранбени ставови.

Водолија

Здравјето, рутината и секојдневниот живот бараат внимание. Внесете повеќе емоционална сигурност во вашите секојдневни навики. Помалку контрола, повеќе чувство.

Риби

Вашата креативност и емоции се во полн цут. Ова е совршено време за уметност, љубов и искрено изразување. Дозволете си да бидете ранливи, таму лежи вашата сила.

Младата Месечина во Рак на 25 јуни е покана да застанете, да слушате, да простите и да се обновите. Пред да влеземе во огнената и разиграна сезона на Лав, имаме можност длабоко да се поврземе со себе. Ова е моментот кога не се бара од нас да направиме чекор напред, туку да се вратиме внатре ‒ бидејќи тука започнуваат сите наши големи почетоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk