logo
logo
logo

ТРИ ЛЕКОВИТИ И ИСКЛУЧИТЕЛНО МОЌНИ БИЛКИ: Го зајакнуваат имунитетот и ја враќаат енергијата

Vecer | 13.05.2025

ТРИ ЛЕКОВИТИ И ИСКЛУЧИТЕЛНО МОЌНИ БИЛКИ: Го зајакнуваат имунитетот и ја враќаат енергијата

Пролетта е совршено време да ги искористите благодетите на природата, а три растенија што нашите баби некогаш редовно ги користеле – коприва, глуварче и бозел – сега се на врвот кога станува збор за лековити својства.

Коприва – кралица на детоксикацијата

Копривата е богата со железо, калциум, магнезиум, витамини Ц, А и К, како и хлорофил. Ги стимулира црниот дроб и бубрезите, ги отстранува токсините, помага при анемија и го зајакнува имунитетот. Може да се користи за чај, супа или песто.

Глуварче – јадливо од корен до цвет

Глуварчето помага во варењето на храната, лачењето на жолчката и детоксикацијата, а делува и како диуретик без губење на калиум. Богат е со витамини и антиоксиданси. Се користи за салати, за сируп (мед) и како чај од корен, кој може да се користи и како замена за кафе.

Бозел – миризлив сојузник на имунитетот

Цветот цвета во мај и има силно антиинфламаторно и антивирусно дејство. Помага при настинки, ја намалува температурата и го олеснува варењето на храната. Од него се прават сируп и чај, а цветовите исто така може да се јадат. При берењето, избегнувајте загадени места, не ги мијте цвеќињата со вода и исушете ги во сенка.

Сега е идеално време да ги берете овие билки додека се најлековити, но секогаш берете разумно - само онолку колку што ви е потребно и подалеку од загадени подрачја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk