logo
logo
logo

Како да го направите воздухот во домот помалку сув ‒ СОВЕТИ ЗА ПРИЈАТНА И ЗДРАВА АТМОСФЕРА

Vecer | 11.01.2026

Како да го направите воздухот во домот помалку сув ‒ СОВЕТИ ЗА ПРИЈАТНА И ЗДРАВА АТМОСФЕРА

Бегството од студот најубаво е да се побара во топлината на домот, но греењето на просториите, покрај пријатноста, носи и низа негативни последици. За да го неутрализирате престојот во простории со исклучително сув воздух, постојат неколку начини.

Проветрување на просториите

Проветрувањето е најлесен и најсигурен начин да обезбедите оптимална влажност на воздухот, да ги уништите микроорганизмите и слично. Доволно е три пати на ден да ги отворите прозорците и да проветрите по три минути. Ако не сте дома во текот на денот, сосема е доволно да ги отворите прозорците наутро и навечер.

Чинии со вода на грејни тела

Овие чинии се исто така многу ефикасни, а најдобри резултати даваат ако ги користите во комбинација со проветрување. Не се скапи, а многу се корисни. Ако користите чинии за радијатор, најдобро е да купите пластични, бидејќи водата во нив најбрзо испарува. На акумулациски печки едноставно ставете сад со вода и оставете да испарува полека. Во садот можете да додадете и неколку капки етерично масло од лаванда, еукалиптус или мента. Етеричните масла имаат антивирусно дејство, поволно влијаат на дишните патишта и ја отстрануваат заморот. Водата во садот менувајте ја секој ден.

Варење вода со кора од цитрус

Сувиот воздух можете да го навлажните и со варење вода. Доволно е во обичен сад да налеете вода и да додадете парчиња кора од портокал или лимон. На тивко оган оставете смесата да зоврие. Пареата ќе ја зголеми влажноста во просторијата, а мирисот на цитрус ќе го подобри вашето расположение.

Собни растенија

Собните растенија го прават воздухот посвеж и влажен, затоа пополнете ги сите простории со нив, освен оние во кои спиете. За пријатна атмосфера и оптимална влажност ќе се погрижат фикус, филодендрон, драцена, собни палми или дрво лимон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk