Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе биде значително.
„Во случај на застанување и престој на туристите помалку од 12 часа, јавниот простор се употребува без каква било корист за градот, а граѓаните се чувствуваат окупирано. Сакаме туристите да ја почитуваат дестинацијата во која доаѓаат“, изјави Колбони за „Ел Паис“/МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата