logo
logo
logo

БАРАЛА поголема плата, добила ОТКАЗ: Спремила сурова ОДМАЗДА (Видео)

Vecer | 10.07.2024

БАРАЛА поголема плата, добила ОТКАЗ: Спремила сурова ОДМАЗДА (Видео)

Отказот е термин поради кој на многумина им се крева косата. Некогаш тоа му доаѓа како награда на работникот за напорната работа, а понекогаш доаѓа ненадејно. Така барем и се случило на една девојка.

Млада девојка од Аргентина предизвика вистинска бура на мрежите, кога го сподели својот пеколен план за одмазда, бидејќи добила отказ. Како што објаснила во видеото, по две и пол години напорна работа во компанијата, решила да побара покачување.

Иако таа аргументирано ги образложила своите причини за покачувањето, се чини дека шефовите не биле воодушевени. Згора на тоа, веднаш и дале отказ.

Хакерски напад.

Девојката тврди дека останала во незавидна ситуација, без семејна поддршка и можност да ги финансира основните трошоци за живот. И во тој тежок момент решила да му возврати на работодавецот. 

„Можеби ја изгубив работата, но тие ја загубија својата база на податоци. Нека видат колку ќе ги чини да дигитализираат и автоматизираат се“, вели девојката во видеото кое брзо стана вирално на мрежите.

Драстичниот потег ги подели мислењата на луѓето - некои го осудија, а други го поддржаа.

„Со ова не само што и наштетивте на компанијата, туку и на нејзините работници“, напишал еден корисник.

Кога гневот малку стивнал, оваа девојка решила да ги врати податоците, но не открила како го направила тоа.

„Не сакам да навлегувам во правни проблеми. Податоците се вратени“, рекла таа во друго видео, кое исто така привлече големо внимание и пофалби кај корисниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk