logo
logo
logo

Барал да му се ЗАКОЛНЕ дека никогаш никому нема да каже каде е погребан: Преку 30 години ја чува тајната на славниот пејач

Vecer | 23.11.2022

Барал да му се ЗАКОЛНЕ дека никогаш никому нема да каже каде е погребан: Преку 30 години ја чува тајната на славниот пејач

Беше мрачен ноемвриски ден во 1991 година кога светот беше преплавен од веста дека починал Фреди Меркјури, британскиот кантавтор и член на рок групата Квин. Еден ден пред неговата смрт, Фреди им кажал на сите дека е заразен со ХИВ.

Но, најголемата тајна сепак ѝ беше доверена на Мери Остин.

Мери била неговата „сопруга“, љубовта од неговите помлади денови. И покрај сите мажи со кои спиел, тој никогаш не престанал да ја сака. Таа беше негова свршеница додека тој не најде сила прво нејзе да и каже дека е геј.

Мери остана со него и ги чуваше сите негови тајни, дури и најголемата. Веќе 31 година, таа сè уште никому не кажала каде го погребала Фреди.

Фреди не сакал никој да знае каде е неговата урна со пепел, за да не му биде осквернавен гробот, па оваа тајна и ја доверил на жената за која велел дека е љубовта на неговиот живот.

 

 

Во тестаментот тој побарал од неговата поранешна вереница Мери Остин да се грижи за пепелта и никогаш јавно да не кажува што направила со нив. Тој и го дал старателството и над својата сакана мачка. Мери сè уште живее во станот што го наследила од него.

Таа успеала да ја оправда довербата на Фреди и ја зачувала тајната за неговата урна дури и од родителите на Фреди и неговиот подоцнежен емотивен партнер Џими Хатон.

Фреди и Мери почнале да се забавуваат во раните 1970-ти и биле заедно пет години.

 

 

Раскинале кога Фреди го запознал американскиот продуцент од „Електра рекордс“ со кој започнал романса. И покрај раскинувањето, тие останале многу блиски и Фреди ја сметал за вистинска пријателка до крајот на својот живот.

Во 1985 година, тој ја започнал втората долга врска, овој пат со неговиот фризер Џим Хатон, со кој живееше до неговата смрт. Фреди и го остави на Мери своето богатство - имот од 20 милиони фунти во Западен Лондон и 9 милиони фунти во готовина.

 

Кога Фреди починал, таа западнала во криза. Страдала од неколку болести и се борела емотивно да се справи со наследството.

„Помислив: „О, Фреди, ми остави толку многу и толку многу товар.“ Мислев дека не можам да се справам со тоа. Тој ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик отколку што мислев. Благодарна сум што ме предупреди, бидејќи брзо се судрив со голема љубомора“, вели Мери Остин.

 

 

„Таа беше со него пред се и после се“, рече еднаш биографот на Квин. Таа го поддржа во неговата одлука да се лекува, а до само неколку дена пред неговата смрт, неговата болест беше тајна. На самиот почеток му ветила дека никој нема да дознае дека има СИДА додека тој не сака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk