logo
logo
logo

БАБА (79) НАРКО БОС: Уапсена како мозок на операцијии на КРИМИНАЛНА ГРУПА, која криумчрела КОКАИН

Vecer | 03.08.2021

БАБА (79) НАРКО БОС: Уапсена како мозок на операцијии на КРИМИНАЛНА ГРУПА, која криумчрела КОКАИН

Бабата е уапсена е како мозок на операции на криминална група.

Баба  стара 79 години уапсена е како мозок на операции на криминална група, која криумчарела кокаин во пратки со кокаин, од Латинска Америка во Европа, соопштила денес шпанската полиција.

Цивилна гарда соопштила дека три члена од криминалната група работела со увоз на корали во Шпанија од Домениканската Република преку Португалија и дека контејнерите биле модифицирани за шверц на кокаин со тајни прегради, пишува Ројтерс

- Криминалната група имала јасна хиерархиска структура, каде што 79. годишната жена извршувала функција водач на групата – се наведува во соопштението на Цивилната гарда.

Жената со уште двајца Шпанци, на возраст 26 и 60 години, уапсена е во Португалија за време на операцијата која ја воделе шпанската цивилна гарда, националната полиција и португалската  полиција.

Криминалната група привлекла внимание кај полицијата кога се обидела да собере пари од други криминални групи за своја илегална трговија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk