Илјадници пчели го преплавија травникот на Белата куќа, откако пред неколку недели првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, ги прошири пчелните колонии на имотот.
Како што пренесе „Фокс њуз“, ројот пчели се појавил во близина на медиумскиот простор на северниот травник и по околу 20 минути влегол во кошница на едно од дрвјата во рамките на комплексот.
Не е сосем јасно што го предизвикало роењето, но се претпоставува дека е поврзано со неодамнешното проширување на пчеларникот и активноста во постоечките колонии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата