logo
logo
logo

Строги правила во авионите: ВИСОКИ КАЗНИ АКО ВАКА СЕ ОДНЕСУВАТЕ СО МИЛЕНИЦИТЕ

Vecer | 15.02.2026

Строги правила во авионите: ВИСОКИ КАЗНИ АКО ВАКА СЕ ОДНЕСУВАТЕ СО МИЛЕНИЦИТЕ

Швајцарските авиокомпании им наплаќаат високи казни на патниците кои ги изнесуваат своите миленици од транспортерите за време на летот, а тие можат да достигнат речиси илјада евра, објавува денес BFMTV.

Повеќето авиокомпании низ целиот свет дозволуваат миленици со тежина помала од осум килограми да патуваат со своите сопственици, под услов да се во носач поставен под предното седиште.

Сепак, на милениците не може да им се дозволи да излезат од торбата, од очигледни безбедносни и хигиенски причини.

Но, како што е наведено, сè повеќе се забележува нов тренд патниците да одлучуваат да го пуштат своето куче или мачка, кои патуваат со нив во кабината, надвор од нивниот носач.

Швајцарската федерална канцеларија за цивилно воздухопловство (FOCA) изјави дека во 2024 година се пријавени 80 прекршувања на прописите за транспорт на животни, додека во 2025 година овој број се искачи на 117.

Како што е наведено, казните за овој вид прекршок се високи.

Еден патник, кој на швајцарски лет помеѓу Цирих и Сао Паоло, Бразил, постојано го вадел своето куче од торбата и одбивал да ги почитува наредбите на екипажот, бил казнет со 791 швајцарски франк, или 867 евра.

„Сопственикот на кучето, секако, може да го нахрани и напои. Сепак, кучињата, па дури и мачките, не смеат слободно да се движат во кабината“, изјави Федералната канцеларија за цивилно воздухопловство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk