Синот на најбогатиот човек во Азија доби нов часовник вреден 1,28 милиони евра, на кој се наоѓа - тој самиот, седи на златен престол.
Овој уникатен модел, наречен Vantara Green Camo, го прикажува Индиецот Анант Амбани (30), опкружен со дури 397 ретки скапоцени камења што потсетуваат на зеленилото на неговиот резерват за диви животни Вантара, со површина од околу 12 квадратни километри.
Часовникот има и минијатурни фигури на две големи мачки - тигар и лав, како и бројчаник со мотив на слон. Амбани го нарачал ова парче од луксузната њујоршка компанија Jacob & Co.

Патем, Анант е најмладиот син на Мукеш Амбани, претседател и извршен директор на Reliance Industries, најголемата јавна компанија во Индија. Мукеш Амбани е најбогатиот човек во Азија и 16-ти најбогат во светот.
Во 2024 година, неговиот син отвори еден од најамбициозните проекти за спасување и зачувување на дивите животни во светот, наречен Вантара, во индиската држава Гуџарат. Овој резерват, кој е дом на повеќе од 2.000 животни од 43 видови, е дури четири пати поголем од Централ Парк во Њујорк.

Самиот часовник има куќиште од розово злато со дијаметар од 49 мм, со зелен камуфлажен мотив направен од ретки скапоцени камења. Меѓу нив се и исклучително ретки демантоидни гранати, за кои се вели дека се дури сто пати поретки од смарагдите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата