На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа млада девојка качена на заштитната ограда кај делот со мајмуните во Скопската зоолошка градина.
На видеото може да се забележи како една од вработените во зоолошката градина ја фаќа девојката за раката во обид да ја симне од ѕидчето на кое е качена, со цел да се избегне потенцијално опасна ситуација и вознемирување на животните.
Пред оваа гужва во Скопската зоолошка градина, најмалку 10 автобуси со косовски регистарски таблички го блокираа булеварот „Илинден“ истоварајќи патници од Косово.
Во објавата на социјалните мрежи, авторот Стефан Кирков реагира на, како што наведува, честото непочитување на правилата од страна на посетителите.
Во Градскиот парк во Скопје денеска имаше голема гужва од туристи од Косово, но и од Шуто Оризари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата