logo
logo
logo

Сè повеќе луѓе се зависници од капки и спрејови за нос

Vecer | 24.04.2025

Сè повеќе луѓе се зависници од капки и спрејови за нос

Лекарите сè почесто предупредуваат на зголемување на бројот на луѓе кои стануваат зависни од спрејови за нос кои се издаваат без рецепт – а последиците не се само физички, туку и психолошки.

Овие препарати, кои се продаваат во аптеките и во супермаркетите ширум светот, дејствуваат брзо и ефикасно го одзатнуваат носот. Сепак, нивната долготрајна употреба – подолга од седум дена – може да има спротивен ефект.

Наместо олеснување, доаѓа до иритација и отекување на крвните садови во носот, што дополнително го влошува застојот. Со тоа се создава маѓепсан круг во кој пациентите почесто посегнуваат по капките за нос, не знаејќи дека самите си наштетуваат, пишува Дејли Меил, пренесува Политика.

Во потешки случаи, хроничната употреба доведува до оштетување на внатрешните структури на носот, што дури може да бара операција и да остави видливи лузни. Професорката Клер Хопкинс, специјалист по оториноларингологија од Лондон, истакнува дека сè почесто гледа вакви случаи.

„На луѓето им е се потешко и потешко да одат на лекар, па се свртуваат кон она што им е достапно – лековите што се издаваат без рецепт“, изјави таа.

Еден од оние кои паднале во овој маѓепсан круг е Кертис Арнолд-Хармер од Хестингс, кој станал зависен од спрејот Sudafed. Цели 18 месеци го користеше речиси секој час.

„Ако не го користев спрејот, не можев да дишам. Тоа беше едноставно така“, рече тој.

Лекарите му рекле дека состојбата на носот му е толку лоша што на почетокот мислеле дека користи кокаин.

Конечно, тој мораше да се подложи на хируршка процедура која ја намалува големината на внатрешните структури на носот оштетени од употребата на спрејот. Иако операцијата му донесе олеснување, тој ќе мора да ја повторува на секои пет до десет години.

Поради ваквите примери, има сè поголем број луѓе кои бараат назалните спрејови како Sudafed да бидат достапни само на рецепт, со цел да се ограничи нивната достапност и да се спречат сериозни здравствени последици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk