logo
logo
logo

„ARTEMIS II“ ГО ПОМИНА ПРАГОТ, леталото во месечевото поле на гравитација

Vecer | 06.04.2026

„ARTEMIS II“ ГО ПОМИНА ПРАГОТ, леталото во месечевото поле на гравитација

Четирите астронаути на мисијата „Artemis II“ на НАСА влегоа во доменот на гравитационото поле на Месечината, точката каде што силата на месечевата гравитација дејствува посилно врз леталото отколку земјината.

Екипажот навлезе во оваа делница од вселенскиот лет по четири дена, шест часа и две минути од почетокот на мисијата, на оддалеченост од околу 62.800 километри од Месечината и 373.400 километри од Земјата, пренесува „Гардијан“.

Следната клучна етапа ќе биде летот во правец на темната страна на Месечината и навлегување подлабоко во вселената од која било досегашна вселенска мисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk