logo
logo
logo

Германците анализираа: ОВА СЕ ИДЕАЛНИ АВТОМОБИЛИ ЗА ВОЗРАСТ ПОСЛЕ 50-тата

Vecer | 07.04.2026

Германците анализираа: ОВА СЕ ИДЕАЛНИ АВТОМОБИЛИ ЗА ВОЗРАСТ ПОСЛЕ 50-тата

Во својата анализа, германскиот автомобилски клуб ADAC ги дефинираше клучните фактори што треба да ги понуди идеалниот автомобил за лица постари од 50-55 години.

Еден од најважните критериуми е леснотијата на влегување и излегување од возилото, едноставноста на неговото користење и одржување, комоцијата и удобноста при возење... па затоа куе автомобилите, малите градски возила под или околу 4 метри должина и спортските автомобили кои се прениски не се добар избор.

Удобноста и едноставноста се важни, но не треба да бидат единствениот фактор. ADAC оди до детали во анализите и анкетата исто така препорачува низок праг од багажникот лесен на товарење, што го олеснува сместувањето на багажот, како и покомпактни димензии со добра видливост во сите правци, што е особено корисно при градско возење.

Автомобилот треба да понуди и доволно простор за семејството, вклучувајќи ги и внуците, додека моќниот мотор и напредните инфозабавни системи се помалку важни во споредба со леснотијата на користење, објавува RevijaHAK.

Клучни спецификации на идеалниот автомобил за постари лица

Должина: максимум 4.500 mm

Висина: минимум 1.500 mm

Висина на седиштето: минимум 47 cm

Капацитет на седење: четири до пет лица

Висина на прагот на товарење: максимум 78 сантиметри

ADAC наведе 24 модели кои спаѓаат во овие критериуми. Тие се:

Nissan Juke, Renault Captur, Seat Arona, Volkswagen T-Cross, Fiat 500X, Opel Crossland, Nissan Qashqai, Seat Ateca, Volkswagen T-Roc, Citroen C5 Aircross, Ford Puma, Audi Q3, Toyota Corolla Cross, Mercedes B-klasa, BMW X1 i Škoda Karoq.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk