logo
logo
logo

Неверојатни медицински случаи од Кина

Vecer | 18.05.2026

Неверојатни медицински случаи од Кина

Маж од покраината Лиаонинг, во североисточниот дел на Кина, живеел осум години со сериозен проблем кој му го отежнувал секојдневниот живот.

Сè започнало во 2018 година, а дури неодамна побарал помош од лекар кога болката станала неподнослива, пренесува „Унилад“ (Unilad).

Мажот, на возраст од 46 години, познат по презимето Ванг, првично ја одбил хируршката интервенција која лекарите му ја советувале по првиот преглед.

Стравот од операција го натерал да го продолжи животот со „проблемот“, трпејќи непријатност и болка со години.

Во тој период, наводно, чувствувал повремени болки, но немал потешкотии со дишењето. Се убедувал себеси дека тоа е „нормална реакција“ на консумацијата на алкохол.

Дури кога веќе не можел да ги игнорира болките и кога голтањето му станало исклучително тешко, Ванг повторно дошол во болница.

„Рече дека има нешто заглавено во грлото. Мислевме дека проблемот настанал неодамна, а не дека поминале осум години“, изјави д-р Хуанг Веипенг.

Лекарите побарале да направи рендген, а по тоа сфатиле дека пациентот во грлото има заглавено метално стапче за јадење, долго 12 сантиметри!

Неговите гласни жици, за среќа, не биле оштетени, па по интервенцијата брзо закрепнал. Бил отпуштен од болница неколку дена подоцна.

Овој случај не е единствен во Кина. Во текот на 2025 година, лекарите извадија четка за заби од цревата на 64-годишен маж, кој дошол во болница со силни болки.

Се испоставило дека четката, долга 17 сантиметри, била заглавена во телото дури 52 години!

Мажот, познат по презимето Јанг, им кажал на лекарите дека се сеќава како ја проголтал четката на 12-годишна возраст, но се плашел да им каже на родителите. Верувал дека таа „ќе исчезне сама од себе“ и го продолжил животот како ништо да не се случило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk