logo
logo
logo

НЕВЕРСТВОТО не може долго да се крие: Како да откриете дека партнерот е НЕВЕРЕН!

Vecer | 26.04.2025

НЕВЕРСТВОТО не може долго да се крие: Како да откриете дека партнерот е НЕВЕРЕН!

Ако се сомневате дека вашиот партнер игра двојна игра, не ги затворајте очите - знаците се тука, само треба да ги препознаете!

1. Телефонот – најопасниот сојузник на тајните!

Ако одеднаш го крие телефонот како да има нуклеарни кодови, ги менува лозинките, го врти екранот од вас или се „нервира“ кога ќе го прашате кој му пишува - аларм! Денешните измами често се скриени во пораки, апликации и тајни повици.

2. Ненадејна промена во однесувањето

Дали станува ладен, дистанциран или – уште полошо – претерано внимателен? Не знаеш каде е, измислува состаноци кои „одеднаш“ траат до полноќ, а пред тоа едвај и да излегуваше од дома? Промената во рутината често е знак дека тој крие нешто.

3. Нов изглед, стар трик

Ако одеднаш инвестира премногу во својот изглед - нова фризура, парфем, теретана, дури и нов гардеробер (и тоа не за вас двајца) - можеби се обидува да импресионира некого друг. Секако, сите сакаме да се средуваме, но кога тоа ќе се појави од никаде - па, не е без причина.

4. Недостаток на интимност, вишок на изговор

Одеднаш избегнувате блискост, губите интерес за споделени моменти или постојано наоѓате причини да спиете разделени? Во врска каде што страста исчезнува, често се појавува трето лице...

5. Чувството дека нешто не е во ред - верувајте си на себе!

Жените имаат шесто сетило. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, верувајте ѝ на таа внатрешна сирена. Интуицијата честопати препознава она што срцето се обидува да го игнорира.

Што понатаму?

Ако ги препознаете овие знаци, важно е да не реагирате импулсивно. Зборувај искрено, барај одговори, но задржи го своето достоинство. Никој не заслужува да живее во сенка на измама. И запомнете - кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Само што понекогаш прво мора да ја напуштиш собата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk