logo
logo
logo

Австралиец го издава луксузниот имот каде пред 3 месеци била убиена сопругата, огласот е чуден

Vecer | 07.10.2024

Австралиец го издава луксузниот имот каде пред 3 месеци била убиена сопругата, огласот е чуден

Сепак, тоа не го спречило нејзиниот сопруг да го понуди нивниот дом на мрежата за недвижнини AirBnB.

Тој го опишал местото на злосторството, каде што безживотното тело на Елизабета било пронајдено на 30 јули покрај превртена косилка, недалеку од куќата, како „рај на земјата опкружен со грмушки“.

Случајот првично бил прогласен за несреќен случај, но набрзо се покажало дека станува збор за убиство. Два месеци подоцна, најлошите сомнежи се оствариле и сега се поставува прашањето кој можел да направи ваков грозоморен чин.

Оваа 49-годишна жена работела како психолог со сопругот Роберт и има три возрасни деца. Инаку, Роберт е вработен во Кралското австралиско воздухопловство како водач на ескадрила.

Роберт тоа несреќно утро се јавил во полиција, а како што соопшти полицијата, во куќата за време на злосторството немало никој освен него.

Сопругот официјално не е осомничен за убиството, но истражителите веруваат дека тој последен ја видел жива. Очигледно полицијата открила и сомнителни работи за сопругот. Вели дека имал различни контакти со жени ширум светот. Тој стапувал во контакт со нив преку апликација за запознавање, но и преку неговата работа како пилот.

Набргу по смртта на неговата сопруга, Роберт го понудил нивниот семеен имот на AirBnB и го опишал како „рај на земјата“, пренесува Bild.

"Прекрасна луксузна куќа на скриена локација. Тоа е рајот на земјата, опкружен со грмушки, каде што ќе почувствувате дека вашиот стрес исчезнува", стои во описот на огласот.

На својот профил на гореспоменатата страница тој кажува дека е „пчелар аматер, заинтересиран за музика и уметност“.

Гостите кои веќе престојувале во куќата имаат само пофални зборови за имотот, но и за домаќинот.

Инспекторите сега работат на испрашување на познаниците на Роберт Крафорд и бараат веднаш да се јават, а најмногу се заинтересирани за врски со наводни жени од целиот свет како што се Италија, САД, Папуа Нова Гвинеја, Гуам, Авганистан, Јапонија, Малезија и многу други.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk