Авионот доцнел со полетувањето, а пилотот со еден потег ги одушевил патниците: ПИЈАЧКА ЗА СИТЕ!

Пилотот на авионот влегол во кабината за лично да се извини за доцнењето на полетувањето и да им понуди на патниците бесплатни пијалаци.
Овој потег ги изненадил и воодушевил патниците во авионот на Американ Ерлајнс, кој на 21 мај летал од Аризона за Мексико.
На видеото што го објави еден од патниците, може да се види како пилотот шета низ кабината и ги прашува како се.
„Уште едно фантастично навремено полетување од Американ Ерлајнс, нели?“, се пошегувал пилотот, поттикнувајќи ги патниците да се смеат.
I have traveled a lot but this has never happened. The captain himself comes face to face to tell why we are late and of course apologized. Also promised to provide free drinks on the @AmericanAir bill. This is customer service. Thank you! pic.twitter.com/gSLyy9wFlq
— Sami Muhonen (@samimuho) May 21, 2023
Тој потоа им се извинил на патниците за доцнењето и рекол дека авионот заглавил во Мексико на претходното патување и рекол дека ќе ги однесе до локацијата што е можно побрзо.
Патникот кој го споделил видеото изјавил дека многу патува, но вакво нешто досега не доживеал.
“Пилотот дојде лично да ни каже зошто доцниме и, секако, се извини. Исто така, вети дека ќе обезбеди бесплатни пијалаци на сметката на авиокомпанијата. Ова е служба за клиенти. Ви благодариме!”, напишал патникот.